Кристина Арнаудова каква што не сте ја виделе досега: Уловена на плажа во Неа Скиони, опуштена и насмена во друштво на блиски луѓе

Добивај вести на Viber

Екипата на Женски магазин денеска ја сретна познатата пејачка Кристина Арнаудова на плажите на Неа Скиони во Грција.

 И покрај облачното и ветровито време, Кристина беше видно расположена, насмеана и опуштена, во пријатно друштво на блиски луѓе.

Во краткиот разговор со нас откри дека ужива во секој миг покрај морето, а нејзини омилени активности се токму дружењето со драги лица и пиењето кафе со поглед кон морскиот хоризонт.

 И кога не е сончево, морето ми носи мир и радост, ни рече Кристина.

Пејачката очигледно знае како да ги искористи деновите за одмор и полнење батерии.

М.С.К