Кумството му го довери на Бочварски – Љупчо Николовски го крсти синот Ноах

Добивај вести на Viber

Љупчо Николовски, поранешен министер и потпретседател на Владата, сподели среќни моменти од крштевката на неговиот син Ноах, која се одржа во кругот на семејството и блиските пријатели.


На фотографиите објавени на социјалните мрежи, може да се види дека кумови на Ноах биле поранешниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски и неговата сопруга Маринела, што дополнително ја нагласува блиската врска меѓу двете семејства.


Малиот Ноах беше крстен во православен храм, опкружен со љубов, насмевки и искрена среќа, а по повод свечениот чин, Николовски напиша кратко, но емотивно: „Среќно крштевание Ноах“ со срце и молитвени емотикони.


На фотографиите доминира топла, семејна атмосфера, а сите присутни се облечени елегантно, во тонови кои го одразуваат значењето и симболиката на моментот. Овој настан уште еднаш покажува дека за Николовски, семејството останува на прво место, дури и по заминувањето од високите државни функции.


ФОТО: Фејсбук - Официјален профил Љупчо Николовски