Лепа Брена во прегратка на Даниел Кајмакоски: „Не е битно каква музика слушаш и колку години имаш – Брена ја знаеш и сакаш да ја слушаш“

Добивај вести на Viber

Балканската музичка икона Лепа Брена вечерва ќе настапи во Охрид, на сцената на Билјанини Извори, како дел од нејзината турнеја „Имам песму да вам певам“, која ги обиколува сите поголеми градови на просторите на поранешна Југославија.

Во пресрет на концертот, македонскиот пејач Даниел Кајмакоскисподели фотографии од подготовките и пробата со Брена, изразувајќи благодарност за можноста да биде дел од нејзиниот концерт.

„Толку многу песни и музика во изминативе години, а за многу генерации сè уште најпривлечно и најинтересно звучат хитовите на Брена. Чест ми е што таа лично ме покани да бидам гостин на нејзиниот концерт во Охрид!“, напиша Кајмакоски на социјалните мрежи.

Тој додава дека концертот има и лична емотивна вредност:

„Сите мои најблиски ја сакаат и почитуваат, особено мајка ми. Посебен е овој момент – повторно да ја делам сцената со Брена, права дама, единствена и по музиката и по убавината. Не е битно каква музика слушаш и колку години имаш – Брена ја знаеш и сакаш да ја слушаш.“


Концертот е најавен како Лепа Брена и Саша Ковачевиќ. Вечерва Охриѓани и сите оние кои се во Охрид ќе уживаат во безвременските хитови на Брена и големите хитови на Ковачевиќ.

Фото: Фејсбук
РЖМ