Љубовниот живот на девојките од „Hurricane“: Ксенија е полудена по презгодниот актер, а Сања по победникот на Евровизија

Добивај вести на Viber

Дали Сања, Ивана и Ксенија имаат момчиња?

Српските претставнички на овогодишната Евровизија мамеа погледи и воздишки каде и да се појавеа во Ротердам, а едно од главните прашања кое се вртеше за време на целиот настан беше - дали имаат момчиња?

Медиумите особено се интересираа за љубовниот живот на младите пејачки, а и тие по малку го распалуваа овој пламен со провокативните и кокетни настапи.

Па, така Ксенија Кнежевиќ ја воодушеви турската публика со признанието дека ѝ се допаѓа презгодиниот турски актер Џан Јаман, кој сите добро го познаваме од ТВ сериите.

View this post on Instagram

A post shared by Can Yaman (@canyaman)


Таа дури кажа дека би оставила сѐ за него колку е убав и дека навистина би сакала да го запознае кога ќе оди во Истанбул. Меѓутоа, Џан е веќе во врска со Италијанката Дилет, а и Ксенија е всушност среќно вљубена.

Момчето го познава од мали нозе и прво биле пријатели, а потоа тоа прераснало во љубов која трае веќе со години. Како што изјави во една прилика, посакува да се омажи за него и со него да основа семејство. Засега и двајцата се посветени на кариерите, а и се премногу млади за брак.

Ивана и Сања веќе некое време се „среќно сами“. Сања често прави по малку „loco, lcoo“ пред камерите, па така низ насмевка нагласува дека тие го чекаат „принцот на бел коњ“.

„Сакаме да биде убав, духовит, интересен, сѐ“ - вели Сања и затоа, објаснува, се сами. Иако се од заљубљива природа, тие велат, дека се девојки за долга љубов.

Сања Вучиќ јавно призна дека ѝ се допаѓа Италијанецот Дамијан Дејви, фронтмент на победничката група Монескин.

„Преубав е и искрено, сама сум, а тој е прекрасен... Нема повеќе да зборувам. Би се омажила за него, но е шест години помлад од мене“ - кажа Сања за порталот „wiwibloggs“.

Нивниот заштитен знак „loco, loco“ полека стана вирален хаштаг на Инстаграм, а под него се најде и овој симпатичен колаж:

View this post on Instagram

A post shared by Mala Crna | 40k (@citati_male_crne_)