„Лудо море, лудо мое море…“ – Романтиката на Дац и Весна покрај синиот хоризонт

Добивај вести на Viber

Актерот Драган Спасов – Дац и неговата сопруга Весна повторно ни покажуваат како изгледа вистинската хармонија и љубов. На последната фотографија што ја сподели на социјалните мрежи, тие зрачат со позитивна енергија, природност и насмевки што топлат срце.

Сликата, направена во тесна уличка со поглед кон тиркизно сино море, е придружена со стиховите: „Лудо море, лудо мое море, како да те смирим...“, кои совршено го опишуваат духот на нивната љубов и авантура.

Фото: фејсбук официјален профил Драган Спасов

Весна со шешир и очила за сонце, а Дац со својот препознатлив шарм – изгледаат како пар од романтичен филм. 

Без оглед каде се наоѓаат, нивното присуство носи спокој и искреност. Море, љубов и летна магија – комбинација која секогаш победува.