Мајка на четири деца донирала бубрег на непознат човек: Не можела ни да замисли што ќе ѝ се случи по тој хуман чин
Хејли Милкс (41), разведена мајка на четири деца, преку Инстаграм дознала дека на Дејвид Моното му е потребен бубрег. Таа не размислувала премногу - сакала да му помогне на непознат човек и да му го спаси животот, не знаејќи дека овој гест целосно ќе ѝ го промени животот.
Приказната за Хејли Милкс, жена од Флорида, лесно би можела да прерасне во филмско сценарио. Среде болен развод, оваа мајка на четири деца пребарувала на Инстаграм и наишла на објава од очајна жена чиј вереник умирал. Мелиса Монто, тогашна свршеница, а сега сопруга на Дејвид Монто, бараше донатор на бубрег за својот сакан.
„Уморна сум и очајна“, започнувала нејзината објава.
„Дејвид е мој вереник. Тој имаше трансплантација на бубрег и панкреас во 2012 година поради оштетување предизвикано од дијабетес тип 1. Сепак, пред три години, неговото тело почна да го отфрла неговиот нов бубрег. Оттогаш, тој е на дијализа три дена во неделата, секој пат станувајќи сè послаб и поболен... Доколку некој е спремен да стане донатор, ве молам пишете ми.“
И покрај големиот животен предизвик во кој се нашла, Хејли донела одлука. Соопштението на свршеницата на Дејвид ја трогнало на начин на кој не очекувала.
„Тие беа толку млад пар. Сакав да направам нешто“, рекла Хејли.
Исцрпувачки подготовки пред донирање органи
Таа веднаш ги контактирала Дејвид Монтото и неговата сегашна сопруга Мелиса за да им каже дека е подготвена да помогне. Двојката ја поканила на вечера и топло ѝ се заблагодариле што воопшто размислувала за операцијата. Иако имале иста крвна група, Хејли морала да направи серија тестови за да се осигура компатибилност.
Кога ѝ кажа на Мелиса дека добила лекарско одобрение да стане донатор, од другата страна на линијата владеело тишина.
„Потоа Мелиса почнала да плаче од среќа и благодарност“, раскажала Хејли.
Таа започнала со ригорозните подготовки потребни за донирање на витален орган. Редовно примала инјекции со железо за лекување на претходно постоечка анемија и била подложена на бесконечна серија тестови. Постапката потребна за донирање на бубрег ѝ се чинела како „лесна“ во споредба со четирите породувања што ги имала.
Судбоносна средба
По операцијата, Хејли сè уште била под дејство на морфиум кога еден висок маж внимателно влегол во нејзината болничка соба. Имено, роднините на Дејвид дошле да ѝ се заблагодарат за херојскиот чин што го претрпла за нивниот сакан член на семејството.
Вилијам Монтото (40), братот на Дејвид, бил последниот човек што дошол кај Хејли да ѝ се заблагодари. Тој исто така минувал низ болен развод во тоа време, обидувајќи се да не дозволи неговите три деца да го доживеат тоа. Вилијам и Хејли почнале да разговараат и станале сè поблиски со секој изминат ден.
„Сè изгледаше толку добро кога почнавме да разговараме. Не сакав да ја оставам. Ми требаше изговор да се вратам во нејзината соба. Имавме толку многу заедничко. Имаше силна хемија меѓу нас откако се запознавме“, признл Вилијам.
Хејли и Вилијам се пар и неразделни оттогаш. И двајцата се разведени и имаат вкупно седум деца кои ги одгледуваат и школуваат заедно.
„Изгубив бубрег, но му го спасив животот на Дејвид и благодарение на тоа ја пронајдов љубовта“, изјавила Хејли.
Извор: Zena.blic.rs