Македонија на Мис ЕВРОПА 2025: Две Македонки освоија титули во конкуренција од 50 девојки

Две Македонки се закитија со титули на изборот за убавина Мис на Европа 2025 кој неодамна се одржа во Бејрут, Либан.
Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовскa од Кавадарци. Двете успеаја да освојат титули. Во конкуренција на 50 девојки од цела Европа, Јулијана го освои одличното 6-то место, односно титулата 5-та придружничка (5th RunnerUp), додека Соња ја освои титулата Miss BEST COSTUME.
Победничка на изборот за убавина е претставничката на Русија, Јулија Павликова, првата придружничка претставничката на Украина, а втората претставничката на Грција.
Двете девојки кои ја претставуваа Македонија се членки на „Модното студио Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор за убавина и во чија организација девојките патуваа во Бејрут и учествуваа на изборот.
Финалето се одржа во клубот „Куора“ во Бејрут, во организација на либанската агенција Style Events Organization, која веќе 20 години е организатор на изборот за Мис Европа.
Јулијана се уште престојува во Бејрут каде во иста организација следи изборот за WORLD NEXT TOP MODEL 2025, на кој таа исто така ќе учествува и ќе ја претставува Македонија.





















