Македонки кои му дадоа посебен сјај на македонското знаме: Пред нивните успеси светот се поклонува!

Добивај вести на Viber

Денеска е денот на македонското знаме. Еден од најсреќните моменти за сите кои се гордеат на успесите на нашите културни и спортски амбасадорки е токму моментот кога на сцена или на терен ќе се развие македонското знаме како симбол на победата во натпреватор и показател за личните и колективните достигнувања. 

За таа цел ви ги претставуваме листа на три Македонки кои гордо го развеале македонското знаме во светски контекст, како симбол на достигнување, успех, но и гордост затоа што го претставуваат токму македонското знаме. 

Калиопи во 2016 година го развеа македонското знаме во Стокхолм на „Евровизија“

Оваа фотографија е од нејзиниот настап на Евровизија во 2016 година, каде ја претставуваше Македонија со песната „Dona". Иако на сцената не се гледа знамето, оваа слика ја прикажува Калиопи со македонското знаме, што ја истакнува нејзината гордост и љубов кон татковината.

Ова не е најдобриот пласман на Македонија на популарниот европски фестивал на музиката, но секако е еден од највпечатливите кој остави голема трага во македонската музичка историја. До ден денеска, регионалната публика го памети настапот на Калиопи на Евровизија, но и ја пее песната „Dona“ во еден глас. 

Извор: Википедиа

Илина Арсова го развива македонското знаме на највисоките врвови низ светот

Македонската алпинистка Илина Арсова, во декември 2019 година стана првата жена од Македонија која ги искачила сите највисоки врвови на сите континенти. Таа е една од само 60 жени во светот со ваков забележен успех, според Меснеровата листа. 

Илина ја сподели оваа фотографија на својот Фејсбук профил, изразувајќи благодарност до сите поддржувачи и инспирирајќи други да веруваат во своите соништа.

Извор: Фејсбук

Даниела Алековска по прогласување на победата на ММА натпреварот во Белград го развеа македонското знаме

Даниела Алексовска е македонска боречка спортистка која се натпреварува во дисциплината MMA (Мешани боречки вештини). Таа е позната по своите извонредни настапи и освојувања на меѓународни турнири, а најзначајното нејзино достигнување е освојувањето на титулата Европски шампион во MMA, што ја постави меѓу најдобрите борци во Европа. 

Нејзините настапи се проследени со голема поддршка од публиката, а нејзините фотографии со македонското знаме често се споделуваат на социјалните мрежи, инспирирајќи многумина.

Извор: Инстаграм

Листата на Македонки кои нѐ направиле горди не е исцрпена, па така на листата сигурно заслужуваат да се најдат уште познати и успешни Македонки, но оваа листа ја сочитуваат Македонки кои неодамна постигнале голем успех и со тоа ги воодушевиле своите следбеници. 

М.С.К