Македонскиот одбојкар Александар Љафтов и сопругата Ана, прославија 17 години заеднички живот: „Од деца се заедно, ја запросил на Бадник“

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Александар Љафтов и неговата сопруга Ана, прославија 17 години заеднички живот.
Ана на социјалните мрежи објави заедничка фотографија на која напиша:
„17 мај, 17 години заедно, 6 години брак, 3 години родители. Тоа се многу совпаѓања“.
Како плод на нивната љубов е синот Алексеј.
Љафтов како одбојкар досега има големо интернационално искуство во повеќе европски лиги, настапувал во Србија, Кипар, Романија, Хрватска, Бугарија, а и во најсилната светска лига.
Ана по професија е правник, а со Александар се заедно 17 години, од кои 6 се во брак. Еве како започнала љубовната приказна на Ана и Александар.
- Еден од главните „виновници“ за запознавањето со Александар беше одбојката. Се запознавме на спортски игри за средни училишта, на негов домашен терен во Струмица. Следната година тој се пресели во Скопје бидејќи играше за „Работнички“. Буквално сме заедно од деца, така што, за мене изгледа како цел живот да сме заедно. Врската некако ни одеше паралелно и со неговата интернационална кариера и реално имаме многу поминато заедно,
раскажа Ана во интервју за Женски магазин.Запросувањето се случил на еден голем христијански празник, кога тој се вратил од патување.
- Запросувањето се случи дома, во станот во којшто сега живееме. Тоа беше на Бадник веднаш по неговото враќање од натпревар во Украина. Авионот таа вечер два пати се обидувал да слета во Скопје и за малку не се вратил во Истанбул, а тој во тие моменти мислел само на тоа како ќе му се расипе планот. За среќа стигна на време за бадниковата вечера и ја реализира замислата.
Фото: Приватна архива/ Инстаграм