Здравје // Совети
Марија Јаневска со видео сподели дека ја примила Оксфордската вакцина: Денес е денот кој го чекав

Марија Јаневска- писателка и медицинско лице, која неодамна се пресели да живее и работи во Белгија, пред извесен период со Фејсбук статус го изрази револтот кон граѓаните кои не почитуваат мерки и не веруваат во коронавирусот, а овојпат се огласи по повод примање на првата доза вакцина против ковид-19.
Марија денес ја примила првата доза од вакцината на AstraZeneca (Oxford), примањето на вакцината го документираше во видео запис каде напиша:
„Коронавирусот ни одзеде многу. После сето она низ кое поминавме, ова е момент кој сите го чекавме. Време е за борба. Денес е денот!“
„После една година борба, конечно светла точка. Се надевам наскоро што поголем дел од населението ќе ја има истата можност“, напиша Марија.
ВИДЕО: