Мистериозно му се појавил крст на челото кој му го сменил животот: Mу се исцртува крст и крвари, а од раната се шири мирис на тамјан!

Добивај вести на Viber

Ненад Пауновиќ тврди дека раната на неговото чело се појавува веќе 10 години, крвари по седум дена, а лекот безуспешно го барал и во медицината и во црквата

Судбината на Ненад Пауновиќ, ветеринар од Панчево, целосно се променила пред десет години, кога на неговото чело почнала да се појавува рана во облик на крст, од која, и денес, тече крв.

Сѐ започнало кога го крстел својот пријател, а свештеникот му го помазал челото со свето масло во форма на крст. Веднаш по тоа, како што раскажува Ненад, добил реакција на кожата.

Од тогаш па до денес, тој не живее ист живот. Во пресрет на Божиќ, Велигден и Богојавление, прво му се појавува облик на крст на челото, потоа тече течност слична на лимфа, а потоа се појавува сукрвица и крв. Тоа трае околу седум дена, по што целосно исчезнува – без никакви лузни.


Втор живот

Некои луѓе велат дека самиот се сече по челото, додека болни лица доаѓаат кај него барајќи помош за излекување.

– Целото тело ме боли! Секој мускул. На почетокот одев на лекар за да откријам што ми се случува. Никој не можеше ништо да ми каже, бидејќи сите резултати од анализите беа одлични – раскажува во здив Ненад, татко на двегодишно девојче. 

Како што вели, лек барал и во медицината и во црквата, но безуспешно. Се сеќава јасно кога првпат му се појавил крстот.

Татко ми беше во шок и неверување. Кога започна да тече крвта од таа рана, мајка ми се исплаши и истата вечер ме одведе на лекар. Пред тоа ме болеше главата, па очите. Потоа се појави обликот на крстот на челото и потече некоја течност. Потоа сукрвица, па крв. Сѐ се повлече без трага. Но, пак се појави на Бадник пред десет години – вели Пауновиќ.

Извор: Курир / Фејсбук