МОЌНИ ЦИКЛОНСКИ СИСТЕМИ ЈА ТУРКААТ ТОПЛИНАТА ОД АФРИКА КОН МАКЕДОНИЈА - најнова прогноза на Славчо Поповски

Добивај вести на Viber

Според последните анализи кој ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, ниските места (градовите) сигурно нема да ја добијат првата снежна покривка за оваа сезона до крајот на овој месец. Температурите и понатаму ќе продолжат да бидат барем малку над просекот за овој дел од годината, пишуваз на својот официјален фејсбук профил метеорологот Славчо.

Токму ова е поради МНОГУ АКТИВНАТА Атмосфера над Атлантскиот океан. Таму се содаваат МОЌНИ Циклонски системи каде воздушниот притисок во центарот на истите опаѓа дури и под 965 htp. Сево ова ја турка топлината од Африка кон Европскиот Континент и Балканот, а со тоа и кон Македонија. Се додека Атмосферата над Атлантикот не се смири, кај нас зима и поголемо заладување нема!

Останува да следиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Се надеваме дека ќе има некоја промена на временската состојба па така и да се надеваме дека до крајот на овој месец ќе го добиеме првиот снег во градовите низ Македонија. Исто така ако не дојде до промена на нумеричките модели, маглата и ниската облачност до крајот на месецов ќе биде честа појава во регионот, но и кај нас во Македонија.


Целата прогноза читајте ја на Фактор тука.