Моќта на љубовта: Има Алцхајмер, заборавил дека е оженет и одново се заљубил во својата сопруга

Добивај вести на Viber

Среќа во морето на тага

Една сабота вечер минатиот декември, Питер и Лиза Маршал седеле на каучот и го гледале омилено ТВ-шоу. Питер ја погледнал Лиза и ја прашал дали ќе се омажи за него. Но, тие веќе биле во брак, а Питер не се сеќавал на тоа.

Си-Ен-Ен пишува дека тој започнал да ја губи меморијата пред три години, а по бројните тестови, му била дијагностицирана Алцхајмерова болест. Не можел да се сети ниту на моментите од неговата романса со Лиза. Заборавил кога првпат се сретнале, кога се држеле за раце и кога се бакнале. Тој дури и не се сеќава на нивната венчавка.

„Создадовме нови спомени, но ме боли кога ќе го прашам дали се сеќава на нешто од порано, затоа што не може да се сети“, изјави Лиза за Си-Ен-Ен. Многу се трогнала што сопругот ја запросил повторно. „Тој се вљуби во мене двапати, се чувствував почестено, како принцеза. Јас сум најсреќната жена на светот", додаде Лиза.


На крајот, тие ги обновија своите брачни завети. Лиза не сакаше да ја пропушти можноста да создаде друга меморија со нејзиниот сопруг. Тие се венчаа на 26 април годинава.

„Влегов во тоа без никакви очекувања. Питер беше добро цел ден, тој беше навистина среќен. За време на заветот, тој ми рече дека ме сака, а само тоа ми требаше", заклучи Лиза за Си-Ен-Ен.


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

Познатиот музичар не се одвојува од сопругата, бидејќи само на него се сеќава: Приказна која ќе ве расплаче