Mу требаме на Бране, момчето чие срце не се откажува: „Секој здив му е болка. Секој чекор – борба“

Добивај вести на Viber

Бране има само 37 години. Животот штотуку почнал да му се обликува – љубов, планови за заеднички дом, семејство, деца… иднина исполнета со соништа. До пред неколку месеци, живеел како и многумина од нас – со надежи, со енергија, со срце кое чекори напред. А денес – секој здив му е болка. Секој чекор – борба.

„Дишам тешко. Телото ми слабее. А јас не сакам да се откажам“, напиша на својот Фејсбук профил.

Суровата дијагноза: карцином на белите дробови и тумор на црниот дроб. Болеста не чека. Брзо напредува. Бране едвај се движи, во стомакот му се собира вода, а здивот – секојдневно се губи.

И покрај сè, очите му сè уште се полни со живот. До него се неговата мајка, братот, и девојката Марија – љубовта со која замислуваше иднина. Но, оваа битка веќе не можат да ја водат сами.

На 10 јуни, Бране мора да замине за Турција, каде што го чекаат детални испитувања и почеток на подготвителниот процес за терапија.
За овој прв, но животнозначаен чекор, потребни се 21.000 евра – средства што ќе го отворат патот кон лекување.

„Татко ми ја изгуби истата битка. Јас не сакам да се предадам. Сакам да живеам. Сè уште имам за кого“, вели тој со скршено, но не и покорено срце.

Сега е моментот кога секој од нас може да направи разлика.
Секој денар значи надеж. Секоја споделена објава е чекор поблиску до животот што Бране го заслужува.

 Да помогнеме – затоа што хуманоста не познава граници:

Донации може да се направат преку картичка, PayPal, Apple Pay, Google Pay, Revolut:
 https://pavelandreev.org/.../da-go-spasime-zivotot-na-brane

* Донирањето е брзо, лесно и безбедно – без разлика во која валута се средствата.