„На детска клиника се боревме да преживее, а сега овој мал борец е наш голем херој, кој порасна во дечко ипол“: Актерката Маја Андоновска за синот Никола

Актерката Маја АндоновскаИлијевски со емотивна објава за на нејзиниот син Никола, кој има 9 години. Нејизната објава открива интимен момент од нејзиниот живот како мајка на Никола.
„На денешен ден пред 9 години беше Велигден и втората крштевка на син ми. Првата му беше со амин на владиката Партениј на детска клиника во Скопје кога се боревме да преживее. Ова дете е нашиот мал борец - голем херој кој порасна во вистински дечко ипол. Во се беше посебен, така расте, се молам таков да остане. Мој еден и единствен, засекогаш“, напиша Маја.
Маја објави фотографија и дека Никола ќе биде дел од детскиот фестивал „Си-До“. Дали Никола ќе тргне по стапките на неговиот вујно, Димитар Андоновски ќе покаже времето.
„Од мали радости периодов кој ми го осветлуваат сивото расположение, го издвојувам пејачот мој кој се спрема за „Си До“ 2025 година и дава интервју без грам трема“, напиша Маја.
Имено Димитар своето деби го имаше токму на фестивалот „Си-До“ со песничката „Ема“.