Најмладата милјардерка оди во затвор: Ги загорзи пациентите и проневери милиони долари

Добивај вести на Viber

ФОТО: EPA

Обвинителството побара 15 години затвор за Елизабет Холмс, неуспешната ѕвезда од Силиконската долина, а одбраната побара максимална казна од година и пол, според документите испратени до судот во петокот вечерта.

Основачот на Theranos, развојната компанија која вети дека ќе направи револуција во тестовите на крвта, ќе биде осудена следната недела пред федералниот суд во Калифорнија. Холмс беше прогласена за виновна за измама во јануари по внимателно следено судење.

Проневерила стотици милиони долари

Елизабет Холмс „заслепена од амбициите проневери стотици милиони долари од десетици инвеститори“ и ги „загрози пациентите“, рече обвинителката Стефани Хајндс, обвинувајќи ја пропаднатата претприемачка дека е неодговорна.

Холмс не е опасна, не профитираше материјално од случајот и не заслужува казна од повеќе од година и пол затвор поради неуспех во нејзиниот „амбициозен проект“, возвратија нејзините адвокати.

Елизабет Холмс го основаше Теранос во 2003 година, кога имаше само 19 години, ветувајќи дека ќе создаде технологија која ќе ги поедностави тестовите на крвта и ќе ги поевтини.

Како дете, Холмс се плашела од игли и вадење крв. Затоа таа измислила едноставен, брз и ефикасен уред, кој ќе може да направи стотици тестови на крвта од само една капка крв земена од прст, тврдеше таа.

продолжува на ФАКТОР