Најзавидуваните нозе на плажа ова лето ги има таа – кадар што го разгоре Инстаграм!

Познатата скопјанка Агнеса знае како да ужива во животот – а ова лето дефинитивно ѝ оди во прилог!
Додека повеќето од нас сонуваат за совршен одмор, таа веќе го живее – со чаша бело вино во рака, каламари на скара и топол песок под нозете.
Од плажите на Каламици, Ситонија, Агнеса сподели кадри што го запалија Инстаграм – заводливо сончање под чадорите на луксузен beach bar, како и фотографија од гурманско уживање што нè остави гладни за медитеранска кујна.
Но вниманието не го привлече само хоризонтот… туку парот совршено препечени нозе што доминира на лежалка, со кадар кој веднаш стана хит на социјалните мрежи.
„Ова е мојата дефиниција за мир – ниту мисли, ниту грижи… само сонце, море и малку вкусен каламари“, ни кажа таа, алудирајќи дека летото е создадено за уживање.
Агнеса ова лето не само што ја освои Грција – таа целосно го освои вниманието на своите следбеници.
И додека температурите растат, нејзиниот профил станува сѐ пожешко место на Инстаграм!