Не ја кријат убавината под хиџаб, носат само висока мода, ги обожуваат своите сопрузи: Најубавите жени на арапските шеици

Погледнете како изгледаат најубавите сопруги на арапските шеици!
Главно се во сенката на нивните многу богати и моќни сопрузи, а за нив се вели дека живеат во златен кафез - имаат сè освен слобода. Можеби некогаш ова беше вистина, но денес сопругите на арапските шеици се еманципирани, образовани, општествено ангажирани и не ја кријат својата убавина под хиџабот...
Овие пет дами се сметаат за најубави сопруги на шеици низ светот:
Шеика Моза Бинт Насер Ал-Миснед
Шеиха Моза е мајка на седум деца и втора сопруга на третиот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани. Таа во светот е позната како модерна и образована жена која се противи на полигамијата и семејното насилство. Скапа брендирана облека, модерна шминка, луксузен накит - Моза не ги крие овие работи од јавноста. Активно учествува во политиката, има голем број национални и меѓународни позиции. Моза е и носител на почесни докторати од реномирани универзитети.
Шеика Хаја Бинт Хусеин Ал Мактум
Принцезата Хаја е втората сопруга на актуелниот владетел на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, а исто така и сестра на јорданскиот крал Абдула Втори. Двојката е во брак 15 години, имаат ќерка и син. Хаја има европско образование, знае неколку јазици, вклучително и руски. Нејзината страст е коњичкиот спорт, победи на неколку меѓународни натпревари, учествуваше на Олимписките игри. Хаја е социјално ангажирана, присуствува на друштвени настани во убава облека и го промовира својот проект - фонд за борба против гладта во нејзиниот роден Јордан.
Кралицата Ранија Ал-Абдула од Јордан
Ранија е сопруга на споменатиот крал Абдула Втори. Двојката има четири деца, од кои едното е Хусеин, наследникот на тронот. Вечерта готви вечера и поминува време со семејството. Поради нејзиниот изглед често ја споредуваат со западни супермодели. Таа е модерна Арапка, нејзината облека не само што е традиционална, туку често ги носи креациите на нејзиниот омилен дизајнер Џорџо Армани. Обожава да носи фармерки и кошули.
Принцезата Дина ал-Џухани Абдулазиз
Дина Абдулазиз е сопруга на саудискиот принц Султан ибн Фахд ибн Насер ибн Абдул-Азиз Ал Сауд, со кого има три деца: ќерка и момчиња близнаци. Ова арапско семејство најголемиот дел од животот го поминал заедно во Њујорк, а потоа се преселиле во Ријад. Принцезата има многу развиен моден бизнис, отвори грст сопствени бутици и често е присутна на светските ревии. Нејзината кратка коса, прекрасната насмевка и совршената фигура ги отфрлаат сите предрасуди за ориенталните жени. Таа беше и главен уредник на првото арапско издание на магазинот „Вог“.
Амира ет-Тавил
Амира е поранешна сопруга на принцот Алвалид ибн Талал. Двојката се разведе во 2013-та година (од непознати причини). Тие се запознале кога таа го интервјуирала Алвалид за училишниот весник, а по некое време се венчале. Амира дипломирала на универзитет во САД со диплома за бизнис администрација. Таа е првата саудиска принцеза која јавно одби да носи традиционална арапска облека на јавно место, а во американските медиуми се залагаше за правата на саудиските жени да возат. Важи за една од најубавите претставнички на Истокот, вклучена е во хуманитарни акции и добротворни проекти ширум светот.