Голема семејна загуба за Ана Костадиновска: Го преживеа пожарот во Кочани, но остана без многу драги луѓе, пред тоа и без член на семејството

Ана Костадиновска, преживеаната припадничка на бендот „ДНК“ во трагичниот настан што ја потресе цела земја – несреќата во Кочани, повторно ги трогна следбениците со нова емотивна објава на социјалните мрежи.
Таа се присети на својот татко, легендарниот македонски композитор Кире Костов, по повод две години од неговата смрт.
„Две (емотикон со скршено срце) - недостасуваш“, напиша Ана, потсетувајќи на болката од загубата на човекот кој, ѝ бил животна потпора, советник и најголема инспирација.
За Ана, овие години беа исклучително тешки. Пред големата трагедија во Кочани, во која изгуби неколку блиски луѓе, таа остана и без таткото кој ѝ бил најсилен столб во животот и музиката.
Нејзиниот профил на социјалните мрежи е полн со спомени на луѓето кои ги изгубила – фотографии, видеа и искрени зборови полни љубов, благодарност и тага. Ана на тој начин го одржува жив споменот за саканите, и го споделува со јавноста преку музиката и зборовите.
Кире Костов остави длабока трага во македонската музика, а неговото влијание и љубов кон уметноста продолжуваат да живеат преку Ана, која со храброст и искреност го носи товарот на личните загуби.
РЖМ