Не старее: Лила Филиповска објави фотографија од пред 7 години, изгледа идентично како денеска

Добивај вести на Viber

Лила Филиповска е една од нашите најпознати естрадни личности. Освен на телевизија, Лила често споделува и шармантни видеа на нејзиниот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“.


Видеата се од забавен карактер, па често наидуваат на огромен број реакции од нејзините следачи, кои судејќи по присутноста на реакциите се нејзина лојална публика. 

Неодамна Филиповска на својот фејсбук профил објави фотографија од нејзина модна комбинација која ја носела пред точно 7 години. 

Иако седум години не е мал период, многумина заклучија дека Лила навистина добро „се држи“ и дека не старее. 

Денешниот изгледот на Филиповска не се разликува воопшто од оној пред седум години, а особено е забележително дека низ целиот тој долг период таа ја одржала витката линија и нема вишок килограми.