Не знаејќи дека ќе ја однесе да живее во куќа направена од ИЗМЕТ: Пензионерка се омажи за 30 години помлад маж од племето Масаи, но една работа таа најмногу ја сака кај него

Пензионерка која се омажи за 30 години помлад припадник на племето Масаи денес го живее својот сон.
Велат дека вистинската љубов не познава граници, ниту години, ниту разлики во јазикот и културата. Тоа најдобро го знае Дебора Бабу, Американка која поради љубов целосно си го променила животот – и се преселила повеќе од 15.000 километри далеку од дома, во едно мало село во Танзанија, за да започне заеднички живот со Сајтоти Бабу, припадник на народот Масај кој е дури 30 години помлад од неа.
Сѐ започнало во октомври 2017 година, кога Дебора, во придружба на својата ќерка Ројс, отпатувала на одмор во Танзанија. Шетајќи по плажата на Занзибар, наишле на двајца мажи облечени во традиционална облека на Масаите, кои им нуделе сувенири. Иако тогаш немала намера ништо да купи, Дебора била фасцинирана од нивниот изглед и ги замолила за заедничка фотографија — нешто што изгледало како краток спомен од патувањето, се претворило во момент што ѝ го променил животот.
Немавме пари со нас, но го прашав дали може да се фотографираме, бидејќи никогаш дотогаш не сум сретнала Масаи, објаснува Дебора Бабу, Американка која денес живее во мало село во Танзанија со својот сопруг Сајтоти, 30 години помлад од неа.
Така започна љубовната приказна на оваа пензионирана полицајка и припадник на народот Масаи. Се сретнале во октомври 2017 година на плажа во Занзибар, каде што Сајтоти и негов пријател продавале сувенири. Иако првичната средба изгледала како случајна размена и брзо помината слика од секојдневието, таа брзо прераснала во нешто многу подлабоко.
Во наредните денови, се движеле заедно покрај брегот, воделе разговори и сѐ повеќе се поврзувале. Но, Дебора не размислувала за сериозна врска поради значајната разлика во години. Сајтоти, сепак, не се откажал. Дури ја следел и до следната дестинација, а кога по две недели таа се вратила во Калифорнија, бил скршен од тага.
И покрај далечината, останале во секојдневен контакт. Сајтоти ѝ се јавувал секој ден, а наскоро започнал да ѝ предлага брак. Дебора била внимателна и не сакала да носи наивни одлуки. Но, поддршката од нејзините деца била клучна – тие ја охрабриле да го следи своето срце.
Во декември истата година, таа повторно се вратила во Танзанија. Сајтоти ја пречекал, клекнал и ја запросил. Таа рекла „да“. Традиционалната масаиска свадба се одржала во јуни 2018 година, каде што добила и ново име – Нашипаи, што значи „таа што носи радост“.
Од тој момент, Дебора живее со Сајтоти и неговото семејство, прифаќајќи го нивниот начин на живот. Живеат без водовод, готват на оган и моментално градат нова колиба.
Животот овде е сосема поинаков, но конечно сум среќна, вели Дебора, која е сега во пензија и целосно се посветила на новата култура.
Многумина ја осудуваат и оставаат коментари дека изгледа како мајка или баба на Сајтоти, или дека тој е со неа само за „зелена карта“.
И покрај осудите и сомнежите од јавноста, нивната врска продолжува да инспирира.
Годините се само број. Сајтоти е најнежен и најгрижлив човек кој сум го сретнала. Тој е моја сродна душа, завршува Дебора.
Љубовната приказна на Дебора и Сајтоти е потсетник дека љубовта навистина не познава граници – ни културни, ни географски, ни возрасни.
Извор: still.kurir / Фото извор: printscreen YT, Facebook