Недостижна, но никогаш заборавена: Лидија Кочовска со емотивно сеќавање на нејзината почината мајка Невенка

Родителите имаат клучна улога во животот на секое дете. Тие не се само првите луѓе што не сакаат безусловно, туку и првите учители, водичи и заштитници во нашиот живот.
Од првите чекори до големите животни одлуки, родителите се тука да нè поддржат, да нè научат на вредности, да ни покажат што значи љубов, почит и одговорност.
Тие секогаш се на пијадесталот во животот на децата. Нивната улога во животот на еден човек најмногу ја чувстуваме кога нивото отсуство е се поприсутно.
Лидија Кочовска објави емотивни фотографии од нејзините родители, Невенка и Пантелеј, кои беа дел од легендарната група „Мањифико“, една од најпопуларните групи во 1960-70-те во поранешна Југославија.
Невенка почина во 2022 година, која со години боледуваше од Алхајмерова болест. Невена Кочовска долги години од животот помина на сцената како дел од ансамблот „Мањифико“, а поради нејзиниот глас многумина ја засакаа мексиканската и шпанската народна музика и шпанскиот јазик.
„Ве сакам бесконечно“, напиша Лидија на фотографиите, на кои се нејзините родители на прошетака во Чаршија.
Минатата година во месец ноември беше отворена изложба по повод 65 години од основањето на анасмблот „Мањифико“. На изложбата беа изложени околу 240 експонати, од богатата историја на ансамблот кој настапувал во 32 земји во светот. Во чест на Невенка Кочовска, нејзиниот сопруг Панче и ќерките Тања и Лидија Кочовски ја отпеаа нивната семејна химна „Мама Хуанита“.
Фото: Инстаграм
РЖМ