Нејзините деца живеат нормален живот, омилена е во општеството: Запознајте ја Зара Тиндал, бунтовничката во кралското семејство
Нејзината мајка, принцезата Ана, одбила нејзините деца да имаат титули. Зара (40) е најстарата внука на кралицата Елизабета.
Нејзината мајка, принцезата Ана (70), како жена немала право на своите деца да им ги даде титулите принцези и принцови. Кога кралицата Елизабета Втора ѝ ја понудила таа опција, Ана ја одбила. Нејзина причина било тоа што сакала нејзините деца да имаат што е можно понормален живот. За тоа се погрижила и со тоа што ги пуштила да учат во нормални училишта, како и да се дружат со различни деца. „Доволно тешко е тоа што се внуци на кралицата“ - изјави таа своевремено.
Зара, чие име го предложил нејзиниот вујко, принцот Чарлс (72), вели дека е благодарна што нема титула. Истата одлука ја донела и кога самата таа станала мајка, па така и нејзините три деца немаат титули. Внуката на кралицата е една од неактивните членови на кралското семејство и професионално се оствари како Олимписка спортистка. Има дипломирано за физиотерапевт, но му се посветила на јавањето. Нејзината дисциплина е јавање со пречки, а на Олимписките игри во 2004 и 2008 година требаше да ја претставува Велика Британија. Но, за жал мораше да се откаже поради повреда на својот коњ пред натпреварувањето. Во меѓувреме имаше освоено сребрени и златни медали на други натпреварувања, а публиката во 2010 година ја прогласи за спортиска на годината на Би-Би-Си. Нејзината мајка, принцезата Ана, гордо позираше на истата насловна страница во 1971 година. На Олимписките игри конечно настапи во 2012 година во Лондон, каде освои сребрен медал, кој ѝ го врачи нејзината мајка.
Пред да стане успешен јавач, исто како и принцот Хари (36), таа беше бунтовна тинејџерка. Па така, за време на прославата на 50 - от роденден на принцот Чарлс, таа откри дека има пирс на јазикот. Приближно во истото време, таа јавно се расправаше со своето тогашно момче. Пред да се запише на колеџ, таа одлучи неколку месеци да се забавува во Синдеј. За разлика од Хари, чија улога во кралското семејство е многу поважна, нејзините скандали се скоро целосно заборавени. Еден од последните скандали се случи на почетокот на 2020 година. Поради пребрзо возење ѝ беше одземена возачката на шест месеци. Тоа тогаш се сметаше за додавање на масло во огнот на драмата во кралското семејство, бидејќи во исто време, принцот Хари и Меган (39) објавија дека ќе ги напуштат кралските должности и државата.
Зара е една од најобожуваните членови на кралското семејство, бидејќи луѓето ја ценат нејзината нормалност и опуштеност. Во 2003 година го започна рагбистот Мајк Тиндал (42), кој ја поттикна за сериозно да се занимава со спортот. Двојката се венчаше неколку месеци по принцот Вилијам (38) и Кејт Мидлтон (39), а Зара му беше кума на нивниот прв син, принцот Џорџ (7).
Зара е многу блиска со членовите на кралското семејство, а колку е блиска со баба ѝ Елизабета Втора говори и тоа што беше помеѓу избраните на погрегот на принцот Филип. Иако е присутна сите важни семејни настани, бидејќи не извршува службени должности во рамките на семејството, многу ретко е во фокусот на медиумите.
фото: ProfimediaИзвор: stil.kurir.rs