Нејзиното лице во лажна реклама за слабеење – Елена Ристеска со јасна порака до измамниците!

Нашата пејачка Елена Ристеска јавно проговори за сериозен проблем со кој се соочува – злоупотреба на нејзиниот идентитет на интернет. Таа преку социјалните мрежи алармира дека непознати лица без нејзина дозвола користат нејзино име и фотографии за да рекламираат производи за слабеење.
„Кој и да го прави ова, јавно го опоменувам да престане да објавува лажни информации и монтирани слики пред да го тужам и пријавам во сајбер криминал во МВР!!! Кликнете репорт ако го видите на Фејсбук“ - напиша Ристеска во својата објава.
Таа апелираше до своите фанови да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви објави. Елена ќе ги преземе сите неопходни правни чекори за да го заштити својот дигнитет и да се спротивстави на злоупотребите, а посочи и дека не е единствена позната личност чиј идентитет се злоупотребува.
ФОТО: Инстаграм принтскрин