Немир во кралското семејство: Нападите од страна на Хари ја вознемирија кралицата

Добивај вести на Viber

Кралицата Елизабета Втора е видно вознемирена од серијата критики кои нејзиниот внук, принцот Хари ги упати до нејзиното семејство, а особено ја погоди повторувањето на коментарот кој Хари го изнесе и за време на интервјуто со Опра во март.

„Бабата на Хари ова го сфати многу лично и длабоко е вознемирена со она што го кажа тој, а особено неговите коментари за родителството на принцот Чарлс, сугерирајќи дека неговиот татко не може да знае подобро со оглед на тоа како бил израснат. Тоа беа многу вознемирувачки моменти“ - кажа еден извор за „Daily Mail“.

Официјалните лице во палатата во бес побараа од војводата и војвотката од Сасекс да се откажат од своите титули, а бесот уште повеќе порасна по појавувањето на Хари во неговиот документарец во телевизиската серија за психичко здравје, „The Me You Can't See“.

Официјалните лица, кои веќе беа изненадени од шокантната критика на Хари поврзана со родителските вештини на принцот Чарлс, кое како што наведува било имплицирано од кралицата и покојнио принц Филип. Но, жарчето се разгоре кога Хари посочи дека неговиот татко дозволил тој и принцот Вилијам да страдаат во детството.

„Кога бев млад татко ми знаеше да каже: - Па, мене ми беше така и така ќе ви биде и на вас.“ - кажа Хари и додаде дека обидите да побара помош за Меган кога се соочувала со нападите за самоубиство наишле на потполн молк и занемарување.

Покрај континуираните напади, принцот Чарлс сѐ уште не ја губи надежта дека ќе се смири со својот помлад син.

„Мислам дека принцот нема да се откаже од синот и покрај тоа што го кажа Хари. Чарлс ќе се залага за тоа, но треба да се каже дека она што Хари го изјави во интервјуто за Опра во кругот на семејството се сметаше за многу бесмислено. Ако Хари уште повеќе ја нападнеше кралицата, Чарлс несомнено ќе ги здружеше силите со кралицата и Хари ќе беше распнат на крст“ - кажа еден од пријателите на Чарлс, додавајќи дека војводата од Велс пред сѐ е нежен и посветен татко.

„Ќе се чувствува мизерно, ќе сака да се смират, но тој воопшто не е одмаздољубив“ - додаде пријателот на Чарлс.