Животна училница // Приказни
Необично место, интересна порака: Јелена Карлеуша има нова тетоважа - нејзините следбеници останаа шокирани (ФОТО)
Познатата пејачка ги изненади сите покажувајќи дека си направила нова тетоважа.
Јелена Карлеуша реши повторно да ги шокира своите следбеници на Инстаграм, а овој пат тоа не го стори со смела и провокативна комбинација на облека или отворено зборувајќи за своите ставови.
Имено, таа објави фотографија на која ја гледаме нејзината нова тетоважа - на внатрешната страна на нејзината долна усна пишува „wild“, што на англиски значи „диво“.
За кратко време, оваа фотографија ја „лајкуваа“ повеќе од 70.000 луѓе , и иако Јелена не откри дали станува збор за вистинска тетоважа или е привремена и создадена заради снимање, нејзините обожаватели реагираа бурно.
„Само Јелена може да го смисли тоа“, „Кралица“ ... се некои од коментарите.
извор:GLOSSY