Никој не сака парфем или парче облека: Мажите одговорија што би сакале да добијат од својата партнерка за Нова година

Добивај вести на Viber

Вистината е дека некои одговори ќе ве насмеат, некои ќе ве растажат, а некои сигурно ќе ви послужат како инспирација.

Доколку се прашувате што да му купите на вашиот партер за Нова година, овде можеби ќе најдете инспирација, но дефинитивно ќе се изненадите од одговорите.

Александар (27): Очекувам само да приреди дочек. Навистина мразам јас да го правам тоа. Јас веќе ѝ нагласив и мислам дека нема да ѝ биде тешко. 

Марко (44): Сакам да престане да се вади на главоболка. Знаете на што мислам...

Михајло (36): Не ми треба ништо, но знам дека нејзе и треба. Сакам да се почести оваа година, да си посвети време на себе. Мојата Марина ни роди три деца. Најмногу би сакал да ме слуша и да се почести себеси за празниците.

Драган (54): Ја замолив да ми купи книга. Па, не си дававме често подароци еден на друг. Би сакал тоа да се промени.

Андрија (40): Не сакам ништо. Какви подароци... Да се караме помалку, тоа би ме радувало...

Милош (32): Секогаш се изненадуваме еден со друг. Иако сме заедно 5 години, никогаш не сме сигурни што нѐ чека под елката. Поентата е да направиме изненадување, а ние се трудиме да бидеме креативни. Тоа никогаш не се скапи подароци, секогаш нешто што нѐ насмевнува и двајцата...


Епа драги дами, заклучокот е дека мажите се многу едноставни, и всушност, не сакаат големи подароци на кои ќе потрошите многу пари, сѐ што им треба е љубов, почит и внимание.

извор:najzena