ОБЈАВЕНА Е ПРОГНОЗАТА ЗА ЛЕТОТО: Еве какво ќе биде времето во летните месеци

„Severe Weather“ ги објави своите најнови предвидувања за летото, и се чини дека Европа ја очекуваат уште повеќе топлотни бранови од вообичаеното.
„Severe Weather“ ги користи системите за прогнозирање UKMO, CANSIPS и ECMWF, за кои тие истакнуваат дека се статистички најдобриот долгорочен модел. Генерално, ECMWF е на врвот кога станува збор за „сигурност“. Но, ниту еден систем за долгорочно/сезонско предвидување не може да се нарече „сигурен“, истакнуваат од Severe Weather, бидејќи, велат тие, тие само ги разгледуваат трендовите и како се развиваат временските обрасци на големо и во подолги периоди.
По раниот почеток со нарушен временски модел, средниот и подоцнежниот дел од летото се чини дека ќе биде посув над Европа, со зголемен потенцијал за топлотни бранови.
Така, над северозападна Европа може да се забележи доминантна аномалија на висок притисок. Системите со низок притисок претежно останаа подалеку од централна Европа, покривајќи ги југозападните и далечните североисточни делови. Температурната аномалија за овој период покажува претежно надпросечни температури во пролет низ поголемиот дел од континентот. Подрачјето што се издвојува е можеби југозападна Европа под регионално влијание на систем со низок притисок.
На крајот на мај, пристигнува нова аномалија
Се предвидува дека значајна аномалија на низок притисок ќе се спушти во Европа во последната недела од мај. Тоа е широка област со низок притисок што влијае на целиот континент.
За време на своето минување ќе донесе посеверен тек, со нестабилно време и потенцијал за сериозни временски услови. Со аномалија на висок притисок над југозапад и североисток, ова е речиси спротивен временски модел од она што го видовме досега оваа пролет, се вели во анализата на SW.
Што се однесува до врнежите, прогнозата покажува дека на крајот на мај, голем дел од Европа ќе биде погоден од натпросечни количини за овој период, објавува Т портал. Метеоролозите заклучуваат дека преодниот период пролет-лето ќе биде доста жив низ цела Европа, со влијание на силна аномалија на низок притисок.
Повеќе на ФАКТОР