„Од 3 месеци живот води децениска борба“: Мајката Гордана бара нова шанса на нејзиниот син Петар

Во емоционална објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, мајка Гордана Попоска ја сподели својата болна и мотивирачка приказна за синот Петар, кој од своите 3 месеци живот се бори со сериозна здравствена состојба.
Веќе неколку години, Петар минува низ тешки терапии и медицински третмани, но неговата сила и храброст му овозможиле да издржи и да се надева на подобри денови.
Таа се заблагодари од срце на сите хумани луѓе кои помагаа досега и даваат сила да продолжат во борбата, додавајќи дека овој пат е потребна нова финансиска помош за продолжување на лекувањето во Истамбул, каде што Петар треба да започне со роботска физикална терапија која би му помогнала во неговото опоравување.
Роботската терапија, која се применува во некои од најпознатите медицински центри во светот, се смета за иновативна и перспективна метода која помага во подобрување на моториката и развојот на децата со слични здравствени состојби. Гордана се надева дека оваа нова фаза на лекување ќе му донесе значителен напредок на нејзиниот син.
Повеќе за нивната животна приказна можете да прочитате на линкот.