Од Инстаграм со љубов: Патувачки пар ја откри магијата на Охрид - „Европскиот Комо што светот сѐ уште не го открил“ (ВИДЕО)

Интернационалниот патувачки пар Сара и Рaјан, познати по нивниот Инстаграм профил „Accrose very Border“, објавија инспиративно видео од нивната посета на Охрид, претставувајќи го како една од највредните, но сè уште недоволно откриени туристички дестинации во Европа.
Во воведот од видеото, двојката прашува: „Сте слушнале за Езерото Комо, но дали сте слушнале за неговиот близок роднина?“ – отворајќи ја нивната визуелна приказна за Охрид со доза на мистерија и љубопитност.
Во видеото, Сара и Рaјан ги издвојуваат највпечатливите аспекти од Охридското Езеро и градот, опишувајќи ги со ентузијазам:
* Кристално чиста вода погодна за пливање
* Иконскиот поглед од црквата „Св. Јован Канео“
* Мирно кајакарење и веслање
* Епски планинарења низ Националниот парк Галичица
* Богата историја, скриени бисери и магична УНЕСКО атмосфера
„Кога повеќето луѓе помислуваат на европско лето, тие ја замислуваат Италија, Грција или Хрватска“, велат тие. „Затоа Охрид е толку посебен – сè уште не е туристички преплавен и навистина вреди.“
Според нив, Стариот град во Охрид е полн со шарм, калдрма и антички урнатини, а самото езеро, како едно од најстарите и најдлабоките во Европа, е вистинска реткост. Секој агол изгледа како разгледница, а сè уште е едно од најприфатливите места за авантура во Европа“, додаваат тие во описот на видеото.
Нивната објава предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, поттикнувајќи интерес кај патниците кои бараат нешто ново, автентично и природно прекрасно.
Со над илјадници следбеници, „Accrose very Border“ не само што го ставија Охрид на мапата на светските патувачи, туку и докажаа дека Македонија има што да понуди во конкуренцијата на најубавите дестинации во Европа.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г