Од „Ѕвездичките на Гранд“ до музичка гордост на Македонија: Менил Велиоски денеска изгледа непрепознатливо

Македонскиот пејач Менил Велиоски, кој уште како дете ги освои срцата на публиката со настапите во популарното регионално музичко шоу „Ѕвездичките на Гранд“, денес е возрасен човек со сериозна музичка кариера и импресивен развој – и вокално и визуелно.
Уште од првите настапи, Велиоски привлече внимание со својата емотивност, музикалност и чиста интерпретација. Иако во шоуто беше категоризиран во помладата група поради возраста, неговото присуство на сцена, харизмата и талентот ги надминаа очекувањата. Со секој свој настап достоинствено ја претставуваше Македонија и на тој начин стана гордост на секој Македонец.
Денес, Менил е речиси непрепознатлив – од симпатично дете прерасна во зрел и самоуверен артист. Освен физичката трансформација, тој доживеа и значајна промена во својот глас – по природниот процес на мутација, неговиот вокал доби длабочина, зрелост и топлина, што многумина го сметаат за негов најсилен адут.
И покрај промените, љубовта кон музиката остана негова најголема движечка сила. Денес редовно гостува на бројни регионални музички проекти, настапува на фестивали и емисии, каде што неговите изведби будат восхит кај публиката и добиваат пофалби од музички критичари.
Со секој нов настап Менил Велиоски покажува дека и понатаму заслужено го носи епитетот на еден од најперспективните млади музичари од Македонија. Неговата приказна е доказ дека вистинскиот талент, надграден со работа и посветеност, секогаш го наоѓа својот пат до срцата на луѓето.
М.С.К