„Одморот што секој родител го сонува – Турција ве чека!“

Добивај вести на Viber

Турција, земја на зачините, ф'стаците, баклавата, квалитетното кафе, нежното сонце, зачуваната и бујна вегетација и што ли уште не. Кога ќе ја посетите еднаш, ќе посакате повторно да се вратите...Таму ќе имате се и ќе добиете вистинска вредност за потрошените пари - од комплетен комфор патување со авион, до услуга во хотелот all inclusive, преку прекрасни плажи до културни и археолошки места за откривање. Гостопримството ќе ве пречека на секое ќоше. А, ако патувате со агенцијата Фибула, дочекот е посебен, црвените рози ќе ви го кажат првото топло добредојде.

 

Патувањето со деца бара дополнителна организација и подготовка, но доколку се избере вистинската дестинација, одморот не мора да биде заморен и стресен. Големите туристички комплекси и долгите песочни плажи се една од најважните причини поради кои родителите со мали деца прво се одлучуваат да летуваат во Турција.

Турските одморалишта се издвојуваат по услугата All Inclusive, а многу од хотелите во оваа земја се „baby friendly“, што значи дека голем дел од услугата е подредена на малите деца.

Освен прекрасните песочни плажи, одморот во Турција нуди и капење во чисто и топло море, што е најважно за децата. Можноста за постепено навлегување во водата и сенката на боровите шуми меѓу кои се наоѓа овој брег, овозможува идеална комбинација за престој на плажа. Кога ќе одлучите да одите на одмор со деца, уште еден многу важен фактор при изборот на одморалиште е близината до аеродромот, а токму поради близината на аеродромот, регионот Анталија е одличен избор за семеен одмор.


Женски магазин, преку агенцијата „Фибула травел“ имаше можност да посети и лично да се увери во уникатноста на неколку хотели, а вие ако планирате летување токму во Турција предлагаме да ги прочитате овие наши сугестии и избор на хотели, кои ќе ги објавуваме во неколку продолженија.

Прв на листата предлог зошто на летување со деца во Турција, е хотелот Selectum Family Resort Side (за кој понудата може да ја погледнете на линков)- Совршена дестинација за семеен одмор на турската ривиера.



Selectum Family Resort Side се наоѓа точно во срцето на турската ривиера, во областа Кизилагач. Toa e луксузен петѕвезден хотел кој нуди идеално место за семеен одмор, a e сместен на само 13 километри од Манавгат и 75 километри од аеродромот во Анталија.

Со комбинација од традиционален и современ дизајн, Selectum Family Resort Side создава уникатна атмосфера за своите гости.


Сместување за сечиј вкус

Сместувањето е организирано во неколку зони: главна зградаLake Houses и Comfort зона, а сите соби располагаат со балкон или тераса.

Во главната зграда се нудат:

  • Стандардни соби (макс. 2+1 лице)
  • Семејни соби (макс. 2+2 лица)
  • Апартмани (макс. 4 лица)


Особено атрактивни се Lake Houses – трокатни вили поставени околу базени, совршени за фамилии. 




  • Семејни соби на прв и втор кат (макс. 4 лица)
  • Стандардни соби на третиот кат (макс. 3 лица)
  • Суити со тераса (макс. 3 лица)


Дополнително, за љубителите на водени забави, хотелот располага и со Aqua соби, сместени во близина на аква паркот.






Богата гастрономска понуда-Божествена хотелска услуга!

Гостите на хотелот можат да уживаат во Ultra All Inclusive концептот, кој вклучува оброци во главниот ресторан и четирите À la carte ресторани со италијанска, турска, мексиканска и рибна кујна. Покрај тоа, хотелот располага и со неколку барови, така што има разновидна понуда за сите вкусови. Љубезниот персонал на хотелот ќе се погрижи вашиот престој да биде што попријатен.

Храната е внимателно приготвена, а во понудата има и посебни оброци за лица со алергии, што го прави хотелот посебно погоден за семејства со специфични нутритивни потреби.


Забава и релаксација за сите генерации

Selectum Family Resort Side нуди широк спектар на активности и содржини за сите возрасти. Гостите можат да уживаат во 8 базени, вклучувајќи и аквапарк со 14 лизгалки, како и во затворен базен за постудени денови. За најмладите, хотелот нуди мини клуб, игралишта и специјални забавни програми.


Возрасните можат да се релаксираат во спа центарот, кој вклучува турска бања, сауна и различни масажи.


Важно е да се истакне чистотата, љубезниот персонал и богатата понуда на активности.


Плажа

Хотелот располага со приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа.





Идеална локација за истражување

Покрај удобностите што ги нуди, хотелот е одлична појдовна точка за истражување на околината. Близината до историските градови Сиде и Манавгат овозможува гостите да уживаат во културни и природни атракции, како што се античкиот театар во Сиде како што имавме можност и ние или пак да се посетат водопадите во Манавгат.


Ставете ја Турција во вашиот план за одмор бидејќи ќе ви понуди и пријатни насмевки на локалното население, квалитетна услуга, чај и кафе какви што досега не сте пробале, засладени задоволства, добар шопинг, танцување и спомени кои ќе ви останат за цел живот.


Продолжува...


Ирена Ставрова