Оливера е светска шампионка, ние сме светски прваци: Златен медал во стрелаштво за спортисти со инвалидитет

Добивај вести на Viber

Нашата параолимпијка Оливера Наковска – Бикова од Битола е светски првак. Таа го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината “П4-пиштол слободен избор“ кое се одржува во Обединетите Арапски Емирати.

Бикова по првите пет истрели се најде на второто место, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и дојде до ново злато, соопштија од Македонскиот Параолимписки Комитет.

Со овој триумф Оливера ги обедини трофеите од најголемите спортски настани Европски и Светски првенства и Параолимписки игри, постигнувајќи притоа (во својата кариера) на двапати светски рекорд.


Повеќе информации за Оливера Наковска – Бикова

Со основно и средно образование се стекнува во родниот град. Во 2001 г. во Данска станува првак на Европа во гаѓање со воздушен пиштол (златен медал). На Светското првенство одржано во Сеул, со 562 круга, Наковска станува најдобра во тричлениот состав кој го освои сребрениот медал. Наковска учествува и на Параолимпијадата во Атина во 2004 г., каде го освојува шестото место на натрпеварот со воздушен пиштол. На Светското првенство во Сарганс, Швајцарија, за само 0,1 круг не го освојува златниот медал, додека на Европскиот куп во Падова е прва со израмнет светски рекорд. 

Сето ова ѝ го носи првото место на светската ранг-листа во дисциплината воздушен пиштол. 

На Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност во Загреб (2010), во дисциплината воздушен пиштол - жени, Оливера Наковска-Бикова во конкуренција од 26 натпреварувачки го освојува 3. место и бронзениот медал со резултат од 462, 4 круга (366 во основен дел). Со тоа обезбедува настап на Параолимписките игри во Лондон, во 2012 г.


ФОТО: Фејсбук