Омилената состојка во македонската кујна крие тајна: Ќе ја засакате уште повеќе кога ќе чуете дека помага во топењето маснотии
Заборавете на исцрпувачките диети, детоксикациските пијалоци и скапите препарати. Тајната на тенок струк и помалку масни наслаги може да се скрие во најчестото јадење што Македонците го обожаваат уште од детството. Гравот, кралот на домашната кујна, не само што ја заситува и ја загрева душата, туку според светските експерти, може да помогне во топењето на масните наслаги околу стомакот.
Науката потврдува: Гравот топи масти!
Студиите покажаа дека луѓето кои редовно јадат грав имаат помал обем на половината и 22% помал ризик од дебелина.
„Гравот е одличен извор на растворливи влакна, кои ги хранат добрите цревни бактерии и го намалуваат воспалението поврзано со маснотиите на стомакот“, објасни д-р Мехмет Оз, познат американски кардиолог и ТВ личност.
Диететичарката Синтија Сас исто така истакнува дека гравот е еден од најмоќните сојузници кога станува збор за слабеење.
„Ако сакате грав, тој може да ви помогне да ослабете и да одржите витка линија. Клучот е да го консумирате редовно, дури и ако е во мали количини“, изјави Сас за американскиот портал „Тудеј“.
Нутритивна вредност на грав (100 г варен грав):
Калории: околу 127 kcal
Протеини: 8,7 г
Јаглехидрати: 22,8 г
Влакна: 6,4 г
Масти: 0,5 г
Железо: 2,1 мг
Магнезиум: 45 мг
Фолна киселина: 130 мкг
Гравот е нискокалоричен, богат со растителни протеини и одличен извор на железо, калиум, магнезиум и витамини од групата Б.
Како гравот влијае на телото?
Гравот е богат со растворливи влакна, растителни протеини и сложени јаглехидрати кои помагаат во контролата на апетитот и ве одржуваат сити подолго време. Кога се консумира редовно, поддржува здрав микробиом и го поттикнува топењето на мастите од критичните региони на телото.
Како да го јадете за максимален ефект?
Нутриционистите препорачуваат гравот да биде вклучен во барем еден оброк дневно. Може да биде супа, чорба, но и салата, па дури и појадок:
*Додадете грав во салата од авокадо и лимон
*Направете здраво чили со кафеав ориз
*Додајте го во солен појадок со јајца и тост
БОНУС: Брз рецепт за протеинска салата од грав
Состојки:
*1 чаша варен грав (бел или црвен)
*1/2 исечено авокадо
*1 мал црвен кромид (ситно исечкан)
*1/2 лимон (сок)
*1 лажица маслиново масло
Сол, бибер, магдонос по вкус
Подготовка: Измешајте ги сите состојки во сад и оставете ги 10 минути за да се соединат вкусовите. Можете да ја јадете салатата како главно јадење или со интегрален тост.
Време е гравот да стане ваш сојузник за слабеење
Ако барате природен, вкусен и достапен начин за слабеење, гравот е лесен избор. Нема потреба да се откажувате од традиционалните вкусови – само вклопете ги во паметен план за исхрана.
Фото: Freepik.comИзвор: Ona.telegraf.rs