Основачот на „Телеграм“ има повеќе од 100 деца, не е оженет, а еве како ги добил своите биолошки синови и ќерки

Добивај вести на Viber

Рускиот милијардер и основач на Телеграм, Павел Дуров, откри дека има повеќе од 100 деца и најави дека неговото богатство ќе го подели еднакво меѓу нив. 

Дуров, кој има шест деца со три партнерки, исто така е донатор на сперма и преку оваа донација е татко на над сто деца.

Во интервју за француското списание „Le Point“, 40-годишниот милијардер, чија проценета вредност на имотот изнесува 17,1 милијарди долари, нагласи дека не прави разлика меѓу своите деца, без разлика дали се зачнати природно или преку донација.


Сакам јасно да нагласам дека сите мои деца се исти за мене – без разлика дали се родени природно или преку моите донации на сперма. Сите тие ќе имаат еднакви права, изјави Дуров, кој започнал со донирање сперма пред повеќе од 15 години.


Милијардерот откри и дека неодамна го напишал својот тестамент, во кој стои дека неговите деца нема да можат да пристапат до неговото наследство во период од 30 години од денот на неговата изработка.

Павел Дуров не е оженет и од 2017 година живее во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, каде што се наоѓа и седиштето на Телеграм.


Фото: Википедиа