Животна училница // Приказни
Ова чувство и моменти не би ги менувала за ништо: Водителката Цеце за доење во јавност
Шармантната водителката Цеце Трајковска Тодосовска која пред три месеци се породи со нејзиниот прв син, Бодан сподели дека поддржува доење на јавно место.
Имено, водителката со своите следбеници и јавноста сподели неколку фотографии на Инстаграм, на кои таа го дои своето синче.
Со објавата Цеце напиша: „Најубавото чувство. Овие моменти не би ги менувала за ништо на светот“, под овие моќни реченици следуваа хаштази со кои таа обелодени дека доењето во јавност е сосема нормална работа и истата треба да се прифати.
Инаку, познатата водителка од утринската програма на ТВ Телма, се омажи со својот избраник Столе во септември 2018.
Фото: Инстаграм/ Цеце Тодосовска/Женски магазин
Mожеби ќе ве интересира:
Другари од мешиња: Водителките Цеце и Александра се модерни мајки на прошетка со бебињата