Ова е неговиот мал рај: Се наоѓа во западна Македонија, тука Спасен Силјаноски полни батерии

Македонскиот пејач Спасен Силјановски по успешната турнеја во Австралија се врати во родното Кичево.
Пејачот имаше неколку концерти низ Австралија каде ги забавуваше македонските иселеници во оваа земја, но во меѓувреме можевме да видиме како ужива во убавините на земјата.
Но како дома нема никаде. Од Австралија директно во селото Пополжани – Кичево каде што Спасен ги полни батериите и каде е свој на своето.
Често знае да споделува фотографии како ужива во живописната природа, а токму во ова село Беличка река се влева во Треска. Таму има направено еден свој мал рај, дрвена куќарка која идилично се вклопува со природата.
Не заборава да посети и духовен храм во знак на благодарност во ова подрачје, како што е манастирот Св. Пречиста, во близина на Кичево. Токму од таму Спасен сподели фотографија и напиша: „Во моето духовно светилиште Манастир Св. Пречиста – Кичево. Мајко Богородице чувај нас и нашата Македонија.
РЖМ