Оваа девојка поместува граници: Новиот хит по светски терк на Антониа Гиговска – „Мислев ти си ми таман, ама испадна аман “

Добивај вести на Viber

Беше долгонајавувана и очекувана новата песна на Антониа Гиговска. Со нејзината последна песна „Жена“, пејачката ги помести границите дека она следно што треба да го објави треба да биде нешто многу повеќе.

И навистина успеа во тоа со новата „Аман“. Дефинитивно Антониа Гиговска знае што прави и знае што сака.

Музиката, текстот и аранжманот се на Роберт Билбилов, интрото на песната го напиша Ксенија Николова, а видео спотот кој изгледа светски работен е со македонскиот режисер Даниел Јовески.

Локацијата е Египет, одбрани се одлични кадри кои одговараат на музиката, но и на одличниот албино стајлинг на Антониа. Креацијата е на Виктроија Бурсак, а шминка и коса на Даниел Николовски.

„Со оглед на тоа што ова е наша прва соработка бев возбудена каква песна ќе ми направи. Кога влегов во студио ме пречека малку заљубен. Го зема телефонот, го отвори чатот и напиша „Мислев ти си ми таман, ама испадна аман“....така и настана песната, многу искрено, многу спонтано и од срце... А вие кога последен пат сме љубеле чисто? Онака од срце? Дали некогаш сте имале храброст некому да испратите искрена порака? Или пак да биде телефонски разговор?

Дали некогаш ви дошло преку глава од некого и сте си кажале мислев си ми таман ама испадна „Аман“?

Ако да, уживајте во ова парче музика што јас и Роберт Билбилов го направивме за вас.

П.С – Нека љубовта вечно не „скренува“, но само позитивно да не скрене. Ова е првата песна од мојот нов студиски албум „Жена“.

Погледнете ја пустинската приказна за „Аман“: