Овој факт за Цеца сигурно не сте го знаеле: Анастасија изненади откривајќи го тајниот талент на мајка ѝ (ФОТО)
Бидејќи пее од тинејџерските денови и стана позната релативно млада, знаеме многу за Светлана Цеца Ражнатовиќ, но сепак, се покажа дека можеби не знаеме баш сè ...
Цеца Ражнатовиќ го сними својот хит „Цветак зановетак“ кога имала само 15 години, а од самиот почеток јавноста се интересираше за девојчето со препознатлив глас. Во следните години и децении, таа стана една од најголемите музички sвезди на Балканот, а медиумите го следеа нејзиниот живот цело време.
Сепак, се покажа дека има еден детаљ за Цеца што досега не го знаевме: таа е многу талентирана за шминкање!
Ќерката на Цеца и младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ сподели како Цеца ја нашминкала, а интересно е што и покрај тоа што ги има услугите на најдобрите шминкери во Србија, нејзината мајка Цеца ја средила за излегување.
Погледнете: