Пет месеци не е во Монако: „Најсреќната“ европска принцеза Шарлин не се враќа од Јужна Африка - која е причината?
Принцезата Шарлин од Монако со месеци не се враќа во Монако, и иако се обидуваат да претстават дека сè е во најдобар ред, многумина не им веруваат...
„Најсреќната“ европска принцеза Шарлин од Монако со месеци е во нејзината родна Јужна Африка. Таа има десетгодишнина од бракот со нејзиниот сопруг, принцот Алберт од Монако, но нема да биде присутна во Монако за да го одбележи овој важен датум за нивниот заеднички брак.
Шарлин сепак му честиташе преку Инстаграм. На видеото се гледаат клучните моменти од нивниот брак, вклучително и венчавката во 2011 година, како и раѓањето на нивните близнаци, принцезата Габриела и принцот Жак во 2014 година.
„Среќна годишнина, Алберт. Ти благодарам што ме благослови со нашите прекрасни деца", напиша принцезата. Сепак, таа исто така објави дека не се враќа од Јужна Африка. Нејзиниот портпарол тврди дека престојот на принцезата е продолжен затоа што таа се наоѓа на лекување откако доби необична инфекција која ги зафати носот, увото и грлото!
Таа се нема вратено во Монако од јануари, а Алберт пристигна во Јужна Африка со своите деца на почетокот на овој месец.
Иако се обидуваат да остават впечаток дека сè е во ред, на многумина не им е јасно што навистина се случува со семејството на принцот.
„Ова ќе биде прва година кога нема да сум со сопругот на нашата годишнина, што е многу тешко за мене и ме растажува. Алберт и јас немавме друг избор освен да ги слушаме упатствата на лекарот, иако сето тоа беше тешко за нас. Алберт и децата ми помагаат да останам расположена, иако многу ми недостигаат. Беше прекрасно што ме посетија во Јужна Африка и бев пресреќна. Едвај чекам сите да бидеме повторно заедно“, стои во официјалното соопштение.
Често се шпекулираше и пишуваше за тагата во која живее Шарлин, а се верува дека сето тоа е поради неверството на принцот Алберт. Кога Шарлин се појави во јавност со избричена половина од главата, во декември минатата година, некои медиуми тоа го протолкуваа како бунт против нејзиниот сопруг.Таа крена многу прашина во јавноста на денот на својата венчавка затоа што плачеше, а многумина не веруваа дека тоа се солзи радосници. Таа и Алберт го поминаа и својот меден месец одделно, во хотели оддалечени километри. Шарлин е 20 години помлада од Алберт и знаеше за неговата репутација како плејбој, а непосредно пред венчавката, поранешната љубовница на Алберт ја извести јавноста дека со принцот има две вонбрачни деца.
извор:GLOSSY
фото:profimedia
Поврзани вести:
Најтажната принцеза на светот ја нема во јавноста: Што се случува во бракот на Шарлин и Алберт од Монако?
(ФОТО) Модерна панк принцеза: Шарлин од Монако ја избричи косата