По "100 години" конечно и Македонија на „Мис на светот“: Чарна Невзати е македонската претставничка, веќе е во Индија

Дваесетгодишната Чарна Невзати ја претставува Македонија на 72 – от „Мис на светот“ 2025 година во Телангана, Индија кој ќе се одржи од 7 до 31 мај.
Учеството на Чарна Невзати на 72-от фестивал „Мис на светот“ го означува враќањето на Македонија на натпреварот по една деценија.
Чарна е 20-годишна манекенка од Северна Македонија. Таа работи како модел со врвните агенции во нејзината земја. Чарна се истакна и академски со победата на натпреварот по реторика на престижната Меѓународна научна конференција за правни системи во 2024 година, организирана од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Таа е 15-тата претставничка на Македонија што ќе се натпреварува на Мис на светот.
Македонија никогаш не била рангирана на Мис на светот.
Чарна веќе пристигна во Телангана во Индија каде започнуваат претставувањата на убавиците од цел свет.