Почина Иранецот кој 18 години живееше на аеродромот во Париз: По неговата животна приказна Стивен Спилберг го сними филмот „Терминал“

Иранецот Мехран Карими Насери, по чија животна приказна Стивен Спилберг го сними филмот „Терминал“, почина на аеродромот Шарл де Гол во Париз.
Насери починал вчера од природна смрт на терминалот 2 на парискиот аеродром, јавуваат француските медиуми.
Насери, кој беше познат како Сер Алфред, политички бегалец од Иран, живееше повеќе од 18 години на Шарл де Гол каде го заврши својот живот.
Карими Насери, за кој се верува дека е роден во 1945 година во иранската провинција Кузестан, живеел во терминалот 1 на аеродромот од 1988 до 2006 година, прво во правен вакуум бидејќи немал живеалиште, а подоцна и по избор, наведува британски Гардијан. Се населил на аеродромот Шарл де Гол во 1988 година, откако летал од Иран прво до Лондон, а потоа до Берлин и Амстердам во потрага по својата мајка.
Продолжува ОВДЕ на ФАКТОР