Марко Николиќ, славниот актер кај нас најпознат по носечката улога во легендарната серија „Подобар живот“ почина денеска на 73 години, потврди на социјалните мрежи неговата ќерка Мина.

Николиќ е роден на 20 октомври 1946 година. Дипломира на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Оствари бројни ТВ- улоги, но играше и на филм и во театар. Најголемата популарност на поранешните ју-простори ја стекна како Гиго Попадиќ во култниот проект „Подобар живот“.