Почитувани читатели, отсега Женски магазин директно на Zenskimagazin.mk: Ве покануваме на забава од прва рака, корисни совети, интервјуа, мода и теми што ве интересираат вас

Добивај вести на Viber

Почитувани читатели, секојдневно се дружиме и веќе долго време познаваме. Должни сме да ве информираме дека редакцијата на Женски магазин, дел од Фактор групација, како и најголемиот број релевантни и професионални интернет портали во земјава, донесе одлука да излезе од агрегаторот на вести Time.mk. Односно, нашите информации повеќе нема да може да бидат агрегирани од тој пребарувач.

Нашиот став се темели на принципиелното размислување дека нашиот авторски труд пренесен низ бројните текстови, вести, анализи и ексклузивни информации објавени од Женски магазин, треба да бидат почитувани и соодветно третирани.

А како што е познато, во Законот за авторски и сродни права, кој е неодамна донесен, за прв пат се воведува новинарско авторско дело, со што всушност се регулира обврската за почитување на авторскиот труд на новинарите и медиумските работници.

Почитувани читатели на Женски магазин, вие кои долги години сте заедно со нас и секојдневно и во сѐ поголем број ги следите нашите содржини, отсега па натаму, или се додека не се постигне праведен начин на агрегирање на нашите авторски текстови, ќе нѐ следите директно на нашата адреса zenskimagazin.mk. Впрочем, многумина од вас тоа и досега го правеа, бидејќи вие добро знаете дека Женски магазин е меѓу ретките ексклузивни, релевантни и оригинални портали во државава, и дека нашиот тим секојдневно работи да ви ги пренесе информациите од прва рака, вести што ве забавуваат, совети од експерти или теми преку кои овозможуваме да се слушне гласот на таргетираната целна група. Оние од вас, пак, кои некогаш поради недостиг на време или некои други причини сте ги наоѓале нашите текстови на пребарувачите, ве обхрабруваме отсега па натаму директно да го посетувате нашиот сајт. Бидејќи, таму ќе откриете многу други интересни и атрактивни стории, вести и колумни од тимот кој вредно и со голема одговорност се труди да ви испорача квалитет, навремени и проверени информации, со што со голема должност и почит кон нашите читатели ја градиме нашата долгогодишна доверба. Верувајте дека нема да зажалите доколку останете наша лојална публика, како што и низ сите изминати години ни возвраќавте со поддршка.  

Секако, нашите содржини ги објавуваме и на нашата Фан страница на Фејсбук, но и преку социјалната мрежа Инстаграм, па тоа се исто така адресите каде Ве покануваме да ги следите нашите текстови. Најновите вести може да ги следите и на нашата viber група. 

Небојша Толески, главен и одговорен уредник на Женски магазин.