„Подобро бидете вљубени место ботоксирани и филеросани“: Д-р Беќаровски гласно ги советува жените

Сите во секојдневието среќаваме и пзонаваме жени, кои едноставно зрачат со нивната појава. Тоа може да се препише на енергијата која ја носат во себе, но и на тоа дека се среќни и задоволни во животот.
Но мора да признаеме дека жените кои се вљубени имаат нешто посебно во нив и тоа лесно може да се препознае.
Убавината кај жената не е во ботоксот, филерите или скапите козметички третмани. Таа е во светлината што ѝ блеска од очите кога е сакана, кога сака, кога чувствува. Кога срцето ѝ е полно, и лицето ѝ се смее дури и кога не се смее. Кога не се крие зад филтри, туку свети со топлината на вистинската емоција.
Љубовта ѝ дава на жената мекост, нежност, самодоверба. Љубовта ја крева, ја разубавува, ја прави жива. Ниеден ботокс не може да го направи тоа. Ниеден козметички производ не може да ја замени радоста што се чувствува кога си сакана, почитувана и ценета.
Докторот од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет, Нико Беќаровски, со својата стручност го потврди погоренаведеното.
„Научно е докажано дека љубовта преку окситоцинот ја стимулира продукцијата на колагенот! Колагенот во Вашата кожа е еден од факторите за младолик изглед. Затоа подобро бидете вљубени место ботоксирани и филеросани!“, вели докторот во неговиот статус.
Па затоа повеќе љубете. Љубете целиот живот, така ќе сте вечно млади.