Животна училница // Приказни
Погледнете ги: Убавината не знае за години, како сестри се, а едната вчера прослави роденден
- 26 Мај, 2021 11:49
Македонската поп пејачка Маја Гроздановска Панчева вчера славеше роденден. Според објавите на социјалните мрежи, роденденот го прославила со најблиските во ресторан.
Нејзините ќерки и упатија најискрени пораки постирајќи фотографии.
Она што е интересно е тоа што Маја како да не старее. Изгледа исто како пред 20 години. Витко тело, убав тен, широка насмевка, догла руса коса. И сето тоа е природно на неа. Секоја чест Маја! А вистински убавици се и нејзините ќерки, кои наследиле дел од нејзината убавина.
Таа е мажена со македонскиот фудбалер Дарко Панчев со кој ги имаат двете ќерки Марија и Надица.

Среќен роденден Маја ти посакува и редакцијата на Женски магазин.