Поранешниот маж ѝ стана голем непријател: Но нејзиниот син ги следи неговите стапки

Како што е веќе познато, музичката ѕвезда Емина Јаховиќ од бракот со турскиот пејач Мустафа Сандал има два сина – Јаман и Јавуз.
Додека помладиот Јавуз сè уште е далеку од очите на јавноста, постариот син Јаман полека, но сигурно зачекорува по патот на своите славни родители. Емина неодамна сподели видео од настап на 16-годишниот Јаман, кој се претстави како диџеј пред бројна публика.
– Мојот син! Јамане, времето лета – напиша емотивно Емина под видеото.
Покрај диџејството, Јаман се занимава и со музичка продукција, а на Инстаграм најави нова песна. Иако е сè уште тинејџер, покажува голема амбиција и талент, што според многумина може да го одведе дури и подалеку од успехот на неговите родители.
Но, како што открива Емина, Јаман почнал да носи и први тинејџерски одлуки кои не ѝ се допаѓаат. – Се истетовира! Мали се тетоважите, но бев многу лута. Му објаснувам дека луѓето често подоцна се каат, но сега не ме слуша баш – искрено раскажа таа.
И покрај сè, таа не го крие гордоста – Јаман е нејзин голем мотив и радост, и поради талентот и поради самодовербата со која го гради својот пат. Емина за медиумите откри дека со понранешниот сопруг и таткото на нејзините деца не е во добри односи, а за сѐ се виновни финансиите и тоа што турската музичка ѕвезда го продолжи својот живот понатаму и има ново семејство.
Извор: Story.rs / РЖМ*Строго е забрането преземање содржини, без согласност на уредникот.