Младата гимнастичарка Кејтлин Охаши (21) од американскиот универзитет UCLA за која пред неколку месеци сите пишуваа по нејзиниот совршен настап со движењата на Мајкл Џексон, деновиве е повторно во фокусот.
Пред неколку дена изведе нова кореографија и доби максимални 10 поени, овации од публиката и воодушевување од сите кои го погледнаа виралното видео.