ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Храбрите жени го живеат животот
Понекогаш секој од нас има потреба од мудар совет за кој не треба да оди некаде, за да го пронајде. Прочитајте ги цитатите на силните, успешни и големи жени. Доколку можат да влијаат врз вас, може и да ги примените!
„Колку полошо се чувствуваш, толку подобро треба да изгледаш“ - Коко Шанел
„Жена, цврсто убедена во својата убавина, ќе ги убеди сите да ја доживеат така“ - Софија Лорен
„Жените често се плашат да кажат што сакаат. Затоа не го добиваат тоа што го посакуваат“ - Мадона
„Не ви требаат ни партнер ни дете за да бидете целосни, ниту морате да бидете омажени и остварени како мајки. Секоја жена за себе ја одредува својата среќа“ - Џенифер Анистон
„Ако сакате да направите нешто како што треба, мора да го сторите тоа сами“ - Џеки Кенеди
„Претворете ги вашите рани во мудрост“ - Опра
„Не ми пречи што живеам во машки свет се’ додека во него можам да бидам жена“ - Мерлин Монро