Познат моден бренд ископира креација на македонскиот дизајнер за на „Мет Гала 2025“? „Само сакам да кажам едно големо браво, од мене за мене“

Добивај вести на Viber

Во медиумите изминатото деноноќие беше најгледнаото и најзборуваното шоу „Мет Гала 2025“.

Се зборуваше за модните креации кои се појавија на тој фамозен тепих, која креација е соодветна со тематиката на годинешната „Мет Гала“, која е вистинска грешка. Но и се делеа позитивни коментари и убави зборови за овие кои направиле вистински погодок.

Македонскито дизајнер Златко Јовановски во објава на Инстаграм, истакна дека креацијата во која се појавила холивудската актерка Џои Кинг на модната куќа „Миу Миу“ е всушност инспирација од негова креација од 2024 година.

„Ова е Џои Кинг на „Мет Гала 2025“, во дизјан на „Миу Миу“ костим со огледала, а ова сум јас, во дизјан, неговата маестралност Златко Јовановски „Крал на сјајот“, на модната недела во Париз во септември 2024 година, со три круни. На овој костим има 99 огледала, рачно сошиени додатоци, бидејќи кога ќе се погледнам јас во огледало, ја гледам најубавата и перфектна личност во светот. Па што мислите? Кој изглед е пофантастичен на костим со огледала, мојот на Златко Јовановски или Џои Кинг?“, напиша Златко во објавата.

View this post on Instagram

A post shared by Zlatko Jovanovski (@zlatko_jzj_jovanovski_the_king)

Македонскиот дизјанер вели дека дизјанот на костим со додатоци од огледала, е модно парче кое тој прв го претставил на Модната недела во Париз во 2024 година.

„Само сакам да кажам едно големо браво, од мене за мене“.

Фото: Инстаграм